Севилја ја прекина низата од два меча без победа, за да стигне до тешка 1:0 победа над Валенсија, и така ги заддржа малите шанси да стане нов шпански шампион, останувајќи во трката со Атлетико, Реал и Барселона.
Андалузиската гордост во саботата имаше 2:1 предност кај Реал Мадрид до последните минути, за на крајот да се задоволи само со реми, резултат кој не им дава многу надеж за титулата. Овојпат, човек на одлука беше Мароканецот Јусеф Ен-Несири, кој доби одлична топка од Фернандо за да го скрши отпорот на гостите во 66. минута од мечот. Како многупати во шпанската Ла лига оваа сезона, ова предизика бунт кај навивачите на Валенсија, и по долгото прегледување на ВАР-снимката за можен офсајд, голот беше признат.
Севилја, со 36 одиграни меча од можните 38 останува на четвртото место со 74 поен, зад Реал Мадрид (75), Барселона (76) и Атлетико Мадрид (77). Барса вчера одигра 3:3 со Леванте и исто така има два меча до крајот, Атлетико вечерва го пречекува Реал Сосиедад, додека Реал утре гостува кај Гранада.