Андре Силва по завршувањето на сезоната ќе се врати во Милан. Италијанските медиуми тврдат дека актуелниот клуб на Португалецот, Севилја, нема да го откупи неговиот договор.
Силва, пред две сезони за речиси 40 милиони евра го засили Милан, а откако во првата сезона не успеа да се снајде во новиот клуб, на почетокот на актуелната италијанскиот клуб на Севилја и го позајми напаѓачот.
Португалецот започна одлично во новиот тим, постигна седум гола, но во последните два месеци неговата форма се движи по надолна линија. Андре Силва има постигнато само еден гол на последните 12 натпревари.
Поради тоа челниците на Севилја не биле подготвени да ризикуваат и по завршувањето на сезоната да издвојат 30 милиони евра за да го откупат од Милан.