Фудбалерите на Севилја, на Ипуруа, ја забележаа 12.пбеда во сезоната. Севилја го победи Еибар со 2:0. Со третата последовна победа во Ла Лига, Севилја ја скокна Барселона и сега се наоѓа на третото место на табелата. Од друга страна Еибар го запишаа третиот пораз на последните четири натпревари.
Севилја првиот гол го постигна од пенал, преку Окампос во 28.минута. Во финишот на првиот дел Еибар имаше голема шанса, но ударот на Кике заврши во дирекот.
Мечот го реши Жаон Жорадан. Екс-играчот на Еибар, постигна гол во 55.минита.
Еибар до крајот на мечот доминираше во поседот, меѓутоа ниту еден од деветте директни удари кон голот на Севилја, не заврши зад грбот на Бону.