Top Sport

Севилја победи во финишот кај Валјадолид и остана во трката за ЛШ (видео)

Многу вредни три бода освоија попладнево фудбалерите на Севилја на гостувањето кај Валјадолид. Севилја триумфираше со 0-2, со головите на Меса во 84 и на Ел Хадади во судиското надополнување на мечот, во 92 минута.

Гостите беа подобриот противник на мечот, упатија многу удари кон противничкиот гол, а два од нив го најдоа патот до мрежата.
Сега Севилја е на петтото место во Ла лига со 49 бода, само бод помалку од Хетафе.

Scroll to Top