Top Sport

ПМФЛ: Шкендија му избега 12 бода на Вардар пред меѓусебниот дуел

Тетовска Шкендија победи со 2-1 против тимот на Ренова во 27 коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци во 34 минута поведе со голот на Бејтулаи. Гостите од Џепчиште го израмнија резулатот преку Садики уште во првиот дел, во 38 минута. Победата за лидерот на табелата ја донесе Радески со голот во 55 минута.

Во Скопје, Вардар одигра само 1-1 со екипата на Академија Пандев. Скопскиот тим поведе во 28 минута преку Аврамовски во 28. минута од натпреварот, додека Дориев го изедначи резултатот во 85 минути од мечот.

Шкендија сега има 12 бода предност пред Вардар. Во следното коло токму овие два тима ќе го одиграат нивниот меѓусебен дуел.

Во останатите дуели, Работнички нагости победи кај Шкупи, а Силекс славеше гостинска победа кај Беласица.
Македонија Ѓорче Петров со 3-0 ја совлада прилепска Победа.

Scroll to Top