Top Sport

Севилја пред пласман во четврт-финалето во Купот

Фудбалерите на Севилја го совладаа Кадис со 2:0 во првиот осмина-финален натпревар во Купот на Кралот. На клупата на Севилја дебитираше новиот тренер Винченцо Монтела, кој го наследи Едуардо Берисо.

Севилја во Кадис побди со головите на Нолито во деветтата и Хесус Навас во 23.минута од натпреварот.

Лас Палмас и Валенсија одиграа без победник 1:1. Хонатан Каљери го постигна голот за Лас Палмас во 36.минута, а на пет минути до крајот резултатот го израмни Родриго.

Атлетико и Алавес веќе се во четврт-финалето откако победија како гости. Атлетико славеше кај Леида 4:0, а Алавес го победи Форментере со 3:1.

Scroll to Top