Top Sport

Севилја само 1:1 со Кадиз, дури 13-то реми оваа сезона!

Севилја одигра само 1:1 против Кадиз, за и теоретски да ги загуби шансите за титулата во Шпанија, одигрувајќи го својот 13-ти нерешен меч оваа сезона.

Јусеф Ел Несири уште во седмата минута донесе водство за домаќините на „Рамон Санчез Писхуан“ по асистенција на Иван Ракитиќ, но Лукас Перез во 67. минута обезбеди реми за Кадиз кои грчевито се борат за опстанок и секој поен им е екстремно важен.

Севилја се врати на второто место на табелата со 64 поени, еден поен пред Барселона, која во недела ја пречекува Мајорка. Кадиз, пак се на 17. место на табелата со 32 поени, само два зад Гранада, на првото место кое води во Сегунда.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top