Фудбалскиот клуб Севилја го договори трансферот на левиот бек Гиљерме Арана. Овој 20-годишен фудбалер е член на Коринтијанс и игра на левата бековска позиција.
Кога ќе ги мине лакерските прегледи младиот бразилски репрезентативец ќе го потпише договорот со шпанскиот тим до 2022 година.
Арана веќе има одиграно 89 натпревари за Коринтијанс, а оваа сезона освои две титули во шампиинатот Бразилериао и шампионатот Паулиста.
Во јануари дебитираше за бразилската репрезентација до 20 години, а во меѓувреме за оваа селекција одиграл осум натпревари и постигнал два гола.