Top Sport

Сари и покрај поразот: Наполи доминираше над Јувентус

Наполи загуби со 1:0 од Јувентус во петочното италијанско дерби на „Сан Паоло“ благодарение на голот на поранешниот играч на „партенопеи“, Гонзало Игуаин, но тоа не му пречи на тренерот на наполитанците, Маурицио Сари  да смета дека тие доминирале во мечот.

„Доминиравме над Јуве на секој можен начин и не им дозволивме многу, но во моментов не сме доволно остри во нападот оваа доминација да ја претвориме во голови. Ако загубиме само еден натпревар по девет месеци во Серија А, не можеме да кажеме дека е катастрофа. Не сакам да губиме мотивација. Имаме тројца врвни напаѓачи и ќе се вратат во форма наскоро. Во моментов ќе стегнеме заби и ќе одиме напред. Играме фантастичен фудбал“, вели Сари.

Лоренцо Инсиње се повреди во второто полувреме, додека Дрис Мертенс нема пауза во тимот од повредата на Акрадиуш Милик во септември.

„Милик имаше претходна повреда и мислев да го повлечан претходно, но беше корисен. Не знам со кого ќе играме против Феенорд. Не можам да го ротирам Мертенс. Луѓето зборуваат за Адам Унас како да е Кристијано Роналдо, но тој е дете од 20 години и талентиран анархист кој сега треба да се фокусира на созревање“, додава Сари.

„Пипита“ ги крена Јувентус на „Сан Паоло“ (видео)

Scroll to Top