Top Sport

Севилја со драматична победа над Гранада во андалузиската битка

Севилја успеа да стигне до драматична 4:2 победа над Гранада во дербито на Аналузија за да се врати на второто место во Ла лига, но со дури 9 поени заостанување зад Реал Мадрид.

Дарвин Мачис ги донесе Гранада во водство во 23. минута, за Севилја да успеа да израмни девет минути подоцна преку Диего Карлос. Луис Окампос во 68. минута од мечот го комплетираше пресвртот за тимот на Хулен Лопетеги, иако подоцна Рафа Мир даде уште еден гол, кој беше поништен поради офсајд. Но, во 88. минута од мечот, Виктор Дијаз пак да го шокира „Рамон Санчез Писхуан“. Но, тука не беше крајот на драмата – Иван Ракитиќ одлично го пронајде Мир во 93. минутата за 3:2, за во 100. минута Папу Гомез да ги постави конечните 4:2 за прва победа по четири меча за Севилја

Севилја на второто место има 60 поени, 9 помалку од Реал Мадрид и три поени пред Барселона и Атлетико Мадрид. Гранада ја чека борба за опстанок, бидејќи по поразот се на 16. место со 29 поени, само три поени над зоната за испаѓање.


Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top