Top Sport

Севилја со контроверзен пенал дојде на само поен зад Барселона и Реал (видео)

Севилја стигна до минимална, но важна 1:0 победа на гостувањето кај Реал Валјадолид за да се искачи на третото место на табелата во Ла лига, со само еден поен заостанување зад лидерите Барселона и Реал Мадрид (кои сепак имаат натпревар помалку по откажувањето на „Ел класико“).

До победата тимот на Хуан Лопетеги стигна со гол од пенал во 13. минута, кога Евер Банега беше сигурен од белата точка, но дури во вториот обид. Голманот Жорди Масип му го одбрани првиот удар на Банега, но ВАР-системот одлучи дека тој бил излезен од гол-линијата, по што во репризата Банега не згреши.

Ова е втора победа во низа за Севилја, која нема пораз во последните шест натпревари.

Во другите денешни поинтересни натпревари, Селта стигна до импресивна 3:1 победа кај Вилјареал, Атлетик Билбао во баскиското дерби со 2:1 ја победи Осасуна, додека Еспањол остана во зоната за испаѓање по 1:1 ремито со Хетафе.

ЛА ЛИГА, 14.КОЛО

Еспањол – Хетафе 1:1

Осасуна – Атлетик Билбао 1:2

Еибар – Алавес 0:2

Вилјареал – Селта Виго 1:3

Валјадолид – Севилја 0:1

Scroll to Top