Top Sport

Севилја влезе во трката за потписот на Папу Гомез

Фудбалскиот клуб Севилја се вклучи во трката за потписот на Алехандро Папу Гомез. Аргентинецот, во овој преоден рок ќе ја напушти Аталната, поради несогласувањата што ги имаше со тренерот Џанпјеро Гасперини.

Неколку клубови од Серија А покажаа интерес за Гомез, а најчесто тој се поврзува со Интер и Милан. Клубовите од Милано добија жестока конкуренција во Севилја. Клубот од Андалузија секако може да одгооври на барањата што ги има Аргентинецот, а голем плус за нив е и тоа што играат во Лигата на шампионите.

„Можам да потврдам дека сме во контакт со Аталанта околу Гомез. Работиме на случајот, но се уште има да се заврши уште многу работа“, рекол спортскиот директор на Севилја, Мончи.

Медиумите шпекулираат дека Севилја сака да го позајми Гомез до крајот на сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор за осум милиони евра.

Scroll to Top