Top Sport

Сезона од сништата – Кејн ја освои Златната топка пред Мбапе и Јамал

Англискиот фудбалер Хари Кејн, доцнна синоќа на свечената церемонија во „Лондон Паладиум“, беше прогласен за најдобар играч во светот во изборот на „Франс фудбал“.

Капитенот на англиската репрезентација и напаѓач на Баерн е добитник на Златната топка, која му ја додели легендарниот Роналдо Назарио.

Тој е првиот Англичанец, по Мајкл Овен во 2001 година, кој ја освоил престижната награда.

Капитенот на Англија постигна 73 гола во клупски и меѓународни натпреварувања во текот на сезоната 2025/26.

Откако пристигна во германскиот клуб во 2023 година, тој постигна 156 гола во 158 натпревари, искачувајќи се на седмото место на листата на најдобри стрелци во историјата на Баерн.

Кејн беше најдобар стрелец во Бундеслигата три сезони по ред, а во сезоната 2025/26 заврши и како најефикасен клупски стрелец во Европа.

Кејн ја предводеше Англија до нивниот најдобар пласман на Светските првенства од освојувањето на шампионската титула во 1966 година.

Килијан Мбапе заврши зад Кејн, а по него следуваа Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.

Топ 10 ги комплетираат Хвича Кварацхелија, Усман Дембеле, Ерлинг Халанд, Михаел Олисе и Фабијан Руиз.

Вака излгледа пласманот од 11-то до 30-то место: Џуд Белингем, Пау Кубарси, Ашраф Хакими, Витиња, Деклан Рајс, Феран Торес, Винисиус Жуниор, Марк Кукуреља, Жоао Невеш, Вилијам Пачо, Габриел, Лаутаро Мартинез, Нуно Мендеш, Луис Дијаз, Маркињос, Дајот Упамекано, Бруно Фернандеш, Хулијан Кинонес, Вилијам Салиба и Садио Мане.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');