Top Sport

Сезона за паметење на Кварацхелија – шампион во Италија, Франција и ЛШ

Синоќа, фудбалерите на Пари Сен Жермен го декласираа Интер со 5:0 во финалето на Лигата на шампионите во Минхен.

Клубот од Париз за прв пат ја освои титулата европски шампион и стана 24-тиот тим со најмалку еден пехар во Купот на шампионите/Лигата на шампионите.

Во финалето, грузискиот крилен напаѓач Хвича Кварачхелија (24) ја заокружи својата фантастична сезона.

Грузиецот го одигра првиот дел од сезоната за Наполи и е заслужен за освојувањето на Серија А. Кварацхелија во титулата на Наполи вгради пет гола и три асистенции во 17 одиграни натпревари.

Во јануари, Хвича беше продаден на Пари Сен Жермен за 70 милиони евра.

Тој ја освои француската Лига 1 и домашниот Куп со „Светците“ и беше клучната алка што недостасуваше за овој клуб да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Во 25 натпревари за ПСЖ, тој постигна седум гола и забележа шест асистенции.

Синоќа тој беше стрелец на четвртиот гол во големото финале против Интер.

Тешко дека некој може да има подобра сезона од онаа што ја одигра репрезентативецот на Грузија…

Scroll to Top