Top Sport

Сезоната почнува, тренерот Марадона никаде го нема!

Диего Марадона наводно е во „бегство“ од мексиканскиот клуб Дорадос, на неколку дена пред стартот на новата сезона.

Аргентинската легенда лани за малку не успеа да го врати Дорадос во Првата мексиканска лига, откако загубија од Атлетико Сан Луис во плеј-офот. Сега, според шпанскиот „Мундо Депортиво“, никој од клубот не знае каде е Марадона, кој не одговара на нивните повици.

Аргентинските медиуми тврдат дека Марадона е лут на клубот по заминувањето на неговиот соработник Луис Ислас.

Марадона ги помина божиќните празници во Аргентина, објавувајќи на социјалните мрежи фотографија со неговиот син во базен. Останува да се види дали тој воопшто ќе се враќа во Мексико.

View this post on Instagram

Disfrutando con mi hijo ❤

A post shared by Diego Maradona Oficial (@maradona) on

Scroll to Top