Top Sport

Тамше ќе го смени Червар на клупата на ППД Загреб

Словенечките медиуми тврдат дека Бранко Тамше е новиот тренер на хрватскиот шампион ППД Загреб, каде што ќе го замени поранешниот македонски и хрватски селектор, Лино Червар.

41-годишниот Тамше е поранешен тренер на Целје од 2014 до 2018 година, период во кој освои пет титули од првенството, пред лани да добие отказ. Според словенечките медиуми, Тамше во понеделник ќе биде презентиран во Загреб.

„Пред Нова Година, ми се јави Зоран Гобац и побара да седнам на клупата на ППД Загреб. Тоа е голема чест, и иако имав преговори со Запорожје, Загреб е клуб од врвот на европскиот ракомет. Предност е што познавам многу од ракометарите“, вели Тамше за „Дело“.

Во ППД Загреб има двајца словенечки репрезентативци – Урх Кастелиц и Грегор Поточник.

Фото: ЕПА

Scroll to Top