Top Sport

Сезоната во Србија ќе продолжи на 30 мај

Фудбалскиот шампионат на Србија ќе продолжи на 30 мај. Откако ќе заврши регуларниот дел нема да се играат натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот одлучи Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС). До крајот на првенството во оваа земја останаа да се одиграат уште четири кола.

Одлуката која ја донесе во средата ФСС да нема плеј-оф и плеј-аут значи дека ќе има промени за наредната натпреварувачка сезона. Во сезоната 2020/2021 Суперлигата на Србија ќе биде проширена на 18 екипи и ќе се игра по класичен систем, секој клуб ќе одигра по 34 натпревари.

На табелата во Суперигата води Црвена звезда со 69 поени, 11 повеќе од најголемиот ривал Партизан.

Scroll to Top