Top Sport

Сезоната за Ван Дајк веројатно е завршена

Јирген Клоп, на денешната прес конференција, рекол дека не очекува Вирџил Ван Дајк да се врати во тимот оваа сезона. На прашањето дали Ван Дајк ќе биде пријавен за настап, во вториот дел од сезоната, во Лигата на шампионите, германскиот тренер рекол.

„Што и да се случи мислам дека имаме место за Вирџил во ЛШ. Мислам дека е пријавен за мечевите во Премиер лигата. Никој не ми кажал дека треба да направам некои промени“.

„Сепак во овој момент јас не знам откаде доаѓаат информациите дека Ван Дајк ќе игра. Никој, навистина никој, ниту докторот не ми кажал дека постојат шанси Ван Дајк да заигра оваа сезона. Нема да кажам дека оваа е сигурно и апсолутно невозможно, но не е ниту реално. Не сме разговарале на таа тема“, заклучил Клоп.

Scroll to Top