Top Sport

Шаќири + Вилсон + Грујиќ = Тимо Вернер

Јирген Клоп има план како да собере пари за да го купи напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер. Германецот планира да продаде тројца фудбалери, двајца од нив веќе две сезони не се во Ливерпул туку се позајмени на други клубови.

Планот на Клоп е едноставен ќе ги продаде Џердан Шаќири (28), Хери Вилсон (23) и Марко Грујиќ (24).

Шаќири е играч на Ливерпул од 2018 година кога клубот за него на Стоук им плати 15 милиони евра.

Велшанецот Вилсон е „дете на Ливерпул“ меѓутоа никогаш не добил шанса да се докаже во сениорскиот тим. Тој настапува во Борнмут како позајмен фудбалер.

Слична е ситуацијата и со Србинот Грујиќ за кого Ливерпул на Црвена звезда во јануари 2016 година на Црвена звезда и плати пет милиони евра.Грујиќ веќе две сезони игра во Херта како позајмен фудбалер.

За Грујиќ и Шаќири Клоп се надева дека клубот ќе може да добие по 30 милиони евра, додека за Вилсон се надеваат дека ќе можат да го продадат за не помалку од 20 милиони евра.

Вернер во својот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра. Германскиот репрезентативец сезонава на 26 натпревари има постигнато 21 гол.

Scroll to Top