Top Sport

„90 отсто судии навиваат за Реал, останатите се за Барселона“

Поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалес рекол дека речиси сите фудбалски судии навиваат за Реал или Барселона. Исклучок биле луѓето од Билабо откаде и тој потекнува.

Според Гонзалес 90 отсто од судиите навиваат за Реал, а останатите се за Барселона.

Сепак како што вели Гонзалес не мора да значи дека судиите му помагаат та тимот за кој навиваат.

„Судиите во шпанскиот фудбал не доаѓаат од Марс. За да станете судија треба да го сакате фудбалот, а доколку го сакате фудбалот тогаш имате и омилен тим. Јас имав среќа што сум роден во Билбао, во Билбао сите навиваат за Атлетик. Сепак остатокот од Шпанија навива за Реал и Барселона бидејќи тоа се победнички тимови. Судиите од сите делови на државата, исклучок е Каталонија, навиваат за Реал. Но ова не значи дека во Мадрид не се професионалци“.

Scroll to Top