Top Sport

Шахјтор е последниот 32. учесник во Лигата на шампиони

Шахтјор Доњецк успеа да ја продолжи „традицијата“ и да влезе во групната фаза на Лигата на шампионите, како последен 32. тим, откако во драматичен меч со продолженија одигра 2:2 против Монако, за да оди понатаму по 1:0 победата на гости во кнежевството.

Висам Бен Једер во Харков постигна два гола во 18. и 39. минута за да ја поништи предноста на Шахтјор, но редовниот учесник во групната фаза на ЛШ, намали на 1:2 преку Марлос во 76. минута од мечот. Во 114. минута од мечот, Шахтјор успеа да стигне до потребниот гол, откако Рубен Агилар си постигна автогол.

Ждрепката за групната фаза на ЛШ се оддржува во петок.

АНГЛИЈА: Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси

ШПАНИЈА: Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона, Севилја, Валјадолид

ИТАЛИЈА: Интер, Милан, Аталанта, Јувентус

ГЕРМАНИЈА: Баерн Минхен, РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд, Волфсбург

ФРАНЦИЈА: Лил, Пари Сен-Жермен

ПОРТУГАЛИЈА: Спортинг Лисабон, Порто, Бенфика

УКРАИНА: Динамо Киев, Шахтјор Доњецк

ХОЛАНДИЈА: Ајакс

РУСИЈА: Зенит Санкт Петерсбург

БЕЛГИЈА: Бриж

ТУРЦИЈА: Бешикташ

ШВАЈЦАРИЈА: Јанг Бојс

ШВЕДСКА: Малме

АВСТРИЈА: Ред Бул Салцбург

МОЛДАВИЈА: Шериф Тираспол

Scroll to Top