Top Sport

Шахтјор од ФИФА бара 50 милиони евра

Украинскиот клуб Шахтјор бара од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) 50 милиони евра. Шахтјор оштетата ја бара пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Тимот од Доњецк се жали на одлуката на ФИФА да им дозволи на странските фудбалери во Украина еднострано да ги раскинат договорите и да ги напуштат клубовите поради воената состојба.

13. кратниот шампион на Украина на почетокот на овој месец ја поднел тужбата.

Шахтјор протестира против одлуката донесена на 21. јуни, во која се вели дека тренерите и играчите имаат право да ги прекинат договорите со украинските клубови до 30. јуни 2023 година, освен ако не се постигне договор меѓу играчите и тренерите и нивните сегашни клубови до 30. јуни оваа година.

Ова му создаде посебен проблем на тимот кој отсекогаш бил познат како „Легија на странци“ со голем број Бразилци. Во моментот кога ФИФА ја донесе одлуката во Шахтјор имаше 14 фудбалери од странство.

Финансиските средства на клубот веќе беа исцрпени поради инвазијата на Русија и прекинот на сите натпреварувања, па затоа клубот сакаше да ги продаде своите странци за да преживее.

Поради ова Шахтјор веќе почна да продава странци, а беа во активни преговори со бројни клубови. Меѓутоа, кога ФИФА ја донесе одлуката, сите преговори што ги водел клубот пропаднале.

На украинскиот клуб му остана само уште една недела да ги продаде сите играчи, но најголемиот проблем беше што сите други знаеја дека можат да чекаат само седум дена и потоа да донесат кој било од Шајтор без никаков надомест.

„Поради одлуката на ФИФА, Шахтјор ја загуби шансата да продаде четворица странци за вкупно 50 милиони евра“, изјави извршниот директор Сергеј Палкин.

Добрата вест за Украинците во овој хаос е што сите фудбалери ќе мора да се вратат во клубот во јуни 2023 година кога ова правило ќе престане да важи.

Сепак, тука има проблем, бидејќи тоа ќе ги доведе повеќето од тие играчи на дофат или на самиот крај на нивните договори, па практично веднаш ќе станат слободни да најдат нова средина.

Палкин потсети и на примерот со 22-годишниот дефанзивец Тете, кој требаше да се пресели во Лион за околу 23,5 милиони евра.

Поради правилата на ФИФА, тој таму замина на позајмица без обештетување, а договорот му истекува во декември 2023 година, што значи дека по неговото враќање во Шахтјор никој нема да сака да плати за да го доведе во тој момент.

Scroll to Top