Top Sport

Шаќири е најплатениот фудбалер на МЛС

Фудбалерот на Чикаго Џердан Шаќири е најплатениот играч во американската МЛС лига. Шаќири оваа сезона се пресели од Лион во Чикаго за основна плата од 7.350.000 долари, покажуваат податоците објавени од Фудбалската асоцијација на МЛС.

Се очекува наскоро да биде престигнат од италијанскиот напаѓач Лоренцо Инсиње, кој летово од Наполи ќе се пресели во Торонто.

Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Хавиер Ернандез, сезоната ја започна со плата од шест милиони долари, а напаѓачот на Интер од Мајами, Гонзало Игуаин со 5.100.000 долари.

Атланта има најголем платен список со гарантиран надомест од 20.999.272 долари, пред Галакси со 20.128.040, Мајами со 18.882.628 и Њу Ингланд со 18.141.886. Солт Лејк има најнизок платен список од 10.477.859 долари.

Scroll to Top