Top Sport

Федерер го „збриша“ Еванс – му дозволи само пет гема!

Роџер Федерер како да сакаше да прати порака до своите најлути ривали дека е во добра форма и дека повторно ќе се обиде да стигне до гренд слем трофејот број 21, откако со 6:2/6:2/6:1 го декласираше Британецот Ден Еванс за час и 23 минути во третото коло на САД опен.

Швајцарецот ја имаше честа да ја отвори програмата на петтиот ден на Флешинг Медоуз и немаше апсолутно никакви проблеми против Еванс, освојувајќи поени по желба.

Иако е очигледно дека на големите мечеви против Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал понекогаш тешко пронаоѓа начин да стигне до победа, останува зачудувачки како на 38 години лесно ги декласира тенисерите кои се во топ 50.

Следен за Швајцарецот е подобриот од дуелот на 15. носител, Белгиецот Давид Гофан и Шпанецот Пабло Карењо-Буста.

Scroll to Top