Top Sport

Шаќири нема да игра против Грузија и Данска

Репрезентацијата на Швајцарија, квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020 ќе го започне без Џердан Шаќири. Фудбалерот на Ливерпул, еден од најважните играчи во швајцарската репрезентација, имал проблем со препоната.

Швајцарија квалификациите за ЕУРО 2020 ќе ги започне против Грузија. Натпреварот се игра в сабота од 15 часот во Тбилиси, а потоа во вторник од 20.45 ќе ја пречекаат Данска.

Шаќири сезонава, во Премиер лигата, има постигнато шест гола за Ливерпул.

Scroll to Top