Top Sport

Коларов: Играчи како Роналдо и Меси се раѓаат на илјада години

Фудбалската репрезентација на Србија, квалификациите за пласман на ЕУРО 2020, ќе ги отвори на 22 март, во Лисабон против Португалија. Србите имаат кадровски проблеми, а Португалците ќе бидат посилни за Кристијано Роналдо.

Роналдо, се враќа во репрезентацијата, откако воопшто не играше во Лигата на Нации. Последен пат тој играше за Португалија на СП, кога Уругвај ги елиминираше Портгалците во осмина-финалето.

„Не треба многу да се мудрува кога е во прашање Роналдо. Видовте против Атлетико дека ги„измисли“ првите два гола. Играчи какви што се Роналдо и Меси се раѓаат еднаш во илјада години. Не постои тактика што може да го запре, важно е како колектив да му отвораме што е можно помалку простор“, рекол капитенот на Србија Александар Коларов.

Scroll to Top