Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири се надева дека искуството од освојувањето на бројни трофеи со неговиот претходен клуб Баерн Минхен ќе помогне за да и стави крај на шестгодишната “трофејна суша“ на неговиот актуелен клуб Ливерпул, пишува ESPN.
Шакири со Баерн Минхен ги освои Лигата на шампионите, две титули во Бундеслигата и во германскиот куп, како и Светското клупско првенство за време на неговиот две ипол годишен престој во Баерн.
Летово тој се пресели во Ливерпул од Стоук Сити и вели дека знае што е потребно за “Црвените“ од Енфилд да го освојат својот прв трофеј под водството на германскиот тренер Јирген Клоп.
“Целта е клубот да освои нешто – тоа мора да биде целта на нашиот тим. Мораме да се обидеме да го освоиме секој следен натпревар. Така се освојуваат титули и се надевам дека оваа година ќе го направиме тоа“, порача Шаќири.