Top Sport

Шаќири станува привремен тренер и спортски директор на Шкендија

Легендата на македонскиот фудбал, Артим Шаќири е новиот привремен тренер на Шкендија до крајот на сезоната, по што ќе ја преземе улогата на спортски директор на клубот, потврдија од тетовскиот клуб.

По отказот кој го доби Бруно Акраповиќ, шпекулациите велеа дека Шаќири ќе стане нов тренер на клубот, а сега од таму признаваат дека тој бил во преговори со клубот повеќе од еден месец, во кој го слеел развојот на тимот.

Шаќири својата фудбалска кариера ја започна во родната Струга во тимот на Караорман, по што шест години играше во Вардар, а во долгата листа на клубови пред неговото пензионирање во 2009 беа и ЦСКА Софија, Вест Бромвич Албион, а една сезона го носеше и дресот на Шкендија. За македонскаата репрезентација Шаќири одигра 73 натпревари и постигна 15 гола.

Scroll to Top