Бундеслигашот Шалке побара од носителите на сезонски билети да се откажат од своето право на попуст со што финансиски би помогнале на клубот кој е во криза по пандемијата на корона вирусот.
Од Шалке се пожалија дека се во потенцијално „егзистенцијално критична финансиска ситуација“ по паузата на БУндеслигата од март и побараа фановите да направат нешто за својот клуб.
„Има многу понуди од фановите за одбивање на попустот за сезонските билети кои веќе се купени и тоа го сметаме како одличен гест. Секој ваков гест има огромно значење за финансиската ликвидност на клубот и обезбедувањето на иднината. Клубот во моментов е во егзистенцијално критична финансиска ситуација“, велат од Шалке.
Тие објавија дека ќе подарат специјален дрес за секој носител на сезонски билет кој нема да ги побара назад парите.