Top Sport

Шалке го отпушти Крамер

Франк Крамер повеќе не е тренер на Шалке. Крамер, успеа да го врати Шалке во Бундеслигата, но од почетокот на сезоната забележа само две победи. Шалке се наоѓа на претпоследната позиција во Бундеслигата.

Убедливиот пораз од Хофенхајм (5:0), во Купот на Германија, му пресуди на Крамер. Шалке од поечтокот на сезоната одигра 12 натпревари, забележа само две победи. Во Бундеслигата го совладаа фенерџијата Бохум, а во првото коло во Купот, го победија членот на Четвртата лига, Бремер.

Германските медиуми пишуваат дека нов тренер на Шалке ќе биде Томас Рејс, до неодамна тренер на Бохум. Тој ќе стане деветтиот тренер на Шалке во последните три години.

Scroll to Top