Бундеслигашот Шалке 04 го отпуштија тренерот Давид Вагнер по серијата очајни резултати на клубот.
Од рестартот на минатата сезона поради пандемијата со коронавирусот, вклучувајќи ги и двата натпревари од тековнава сезона, Шалке има мизерна серија од 0 победи, 2 реми исходи и дури 9 порази со гол разлика 6:31.
„Чашата ја прели“ вчерашниот домашен пораз од Вердер Бремен со 1-3, па Вагнер остана без работа.
Се уште не е познато кој ќе го наследи, но неговиот наследник го чека многу работа.
Според неофицијалните информации, прв кандидат за клупата на клубот од Гелзенкирхен е Белгиецот Марк Вилмотц кој има настапувано за Шалке, а беше и селектор на Белгија, односно Брегот на слоновата коска и на Иран.