Top Sport

Шалке и Келн го пуштија „фенерот“

Фудбалерите на Шалке 04 и Унион Берлин ремизираа 1-1 во последниот меч од 4 коло во германската Бундеслига.

Гостите од главнит град поведоа со голот на Марвин Фридрих на стартот на второто полувреме, но не успеаја да ги освојат трите бода.

Пасиенса спаси бод за тимот од Гелзенкирхен само за да ја избегнат последната позиција на табелата каде сега е Мајнц без ниту еден освоен бод.

Ваков лош старт на сезоната Шалке не памети години наназад.

Со слична судбина е и тимот на Келн. „Јарците“ го освоија првиот бод сезонава ремизирајќи на домашен терен со Ајнтрахт Франкфурт 1-1.

И на овој меч гостите поведоа, во втората минута од надополнувањето на првото полувреме. Стрелец Португалецот Андре Силва од пенал.

Изедначувањето беше дело на Дуда во 50 минута.

Scroll to Top