Раул Гонзалес Бланко, легендата на Реал Мадрид, пет години е на чело на резервниот тим на Реал Мадрид Кастиља, а за тоа време добил и одбил многу други понуди.
Раул останува верен на својот клуб, но сега на негова адреса пристигна нова понуда. Според „Релево“, Шалке го сака Раул на клупата.
Германскиот гигант, се натпреварува во Цвајта и не му оди најдобро. На табелата се наоѓа на 16.место, поради што тренерот Карел Геретс остана без работа.
Легендарниот фудбалер е запознаен со Гелзенкирхен, како играч мина две сезони во Шалке, а дали ќе биде во искушение да го напушти Мадрид ќе покаже времето.