Top Sport

Шалке не може да го победи ниту Мајнц

Надежите дека Шалке може да направи „чудо“ и да се спаси од испаѓање од Бундеслигата се многу мали, откако во првиот меч од 24. коло во Бундеслигата, не успеаја да го победат Мајнц, уште еден клуб во грчевита борба за опстанок, одигрувајќи 0:0.

Шалке дури може да е среќен што не загуби, откако гостите имаа дури 20 удари кон нивниот гол, во однос на нивните два удари.

Сега Шалке има 10 поени на дното на Бундеслигата, осум помалку од Мајнц, кои имаат исто со 17-пласираната Херта (со натпревар помалку).

Scroll to Top