Top Sport

Валенсија со пресврт до победа над Вилјареал, „подморницата“ без победа веќе два месеци!

Валенсија направи неверојатен камбек во последните минути од мечот за да стигне до 2:1 победа над Вилјареал на Унаи Емери, кои речиси два месеци во Ла лига чекаат на победа. Последна победа на „жолтата подморница“, ако не се сметаат Лига Европа и Копа дел Реј беше 4:0 победата над Селта на 8 јануари.

Вилјареал дојде во водство во 40. минута, кога судијата досуди пенал и покрај протестите на фудбалерит на Валенсија, а Жерард Морено беше прецизен за 0:1 водство. Меѓутоа, во 86. минута, беше досуден пенал на другата страна, и Карлос Солер беше прецизен за 1:1, пред во 92. минута замената Гонсало Гуедеш да донесе три поени за „лилјаците“.

И покрај лошата серија, Вилјареал е на респектабилното седмо место на табелата со 37 поени, за разлика од Валенсија, кои се само 11. со 30 освоени поени.

Scroll to Top