Top Sport

Шалке со посебна маичка го слави ремито во дербито на Рур

Еден од највозбудливите и најинтересните мечеви во Бундеслигата оваа сезона несомнено беше дуелот меѓу ривалите од Рур, Борусија Дортмунд и Шалке, кој заврши 4:4

Борусија до 25-тата минута имаше водство од 4:0 и кога се очекуваше дека „милионерите“ ќе го „избришат подот“ со Шалке, тие дозволија тимот од Гелзенкирхен да се врати за 4:4 со гол во 94. минута.

За Шалке освоениот поен беше доволна причина да издадат официјална маичка за „Ревиердербито“за сума од 20 евра. Реткост е некој да прославува освоен поен со маичка на која пишува „Дербизигер“ или дерби-победник.

Борусија како Ливерпул – од 4:0 на 4:4 (видео)

Scroll to Top