Top Sport

Стоук со награда за „среќната замена“ Крауч

Питер Крауч доби едногодишно продолжување на договорот со Стоук сити, кои се надеваат дека ветеранот ќе продолжи со навиката да постигнува клучни голови кога ќе влезе од клупата.

36-годишниот Крауч нема старт оваа сезона, но е најдобар стрелец на тимот со четири гола, и има рекордни 144 замени во неговата долга кариера.

„Напаѓачот се согласи на едногодишен договор, со што останува со ‘потерс’ барем до летото 2019 година“, се вели во соопштението на Стоук.

Крауч дојде во Стоук за тогаш рекордни 10 милиони фунти во 2011 година од Тотенхем и има 43 гола за тимот во Премиер лигата и 58 вкупно во сите натпреварувања. Со голови на високиот поранешен напаѓач на англиската репрезентација, Стоук заработи 5 од 13-те освоени поени оваа сезона – тој обезбеди победа над Саутемптон и ремија против Вест Бром и Лестер.

„Можеби има 36 години, но уште има огромно влијание на играта, како што покажа повеќе пати оваа сезона“, изјави менаџерот на Стоук, Марк Хјуз.

Scroll to Top