Шалке го стартуваа вториот дел од бундеслигашката сезона со импресивна 2:0 победа над второпласираните Борусија Менхенгладбах, со која скокнаа барем привремено до четврто место во Германија.
Суат Сердар со својот седми гол оваа сезона во 48. минута донесе водство за тимот на Давид Вагнер, за Михаел Грегорич само десет минути подоцна да ја потврди победата за тимот од Гелзенкирхен.
Менхенгладбах останува на второто место на табелата со 35 поени, два помалку од лидерот Лајпциг и два пред Баерн Минхен со 33, колку што сега имаат и Шалке во една од најнеизвесните сезони во Бундеслигата во последната деценија.