Top Sport

Шалке со драматична победа кај Аугзбург (видео)

Шалке губеше со 1:0 и 2:1, но на крајот успеа да стигне до 3:2 победа на гостувањето кај Аугзбург, за прекинување на лошата низа од три меча без победа на „кралско сините“.

Даниел Бајер им донесе водство на домаќините во 38. минута, пред Шалке да израмни во судиското продолжение од првото полувреме преку автоголот на Лихштајнер. Аугзбург повторно поведе преку Алфред Финбогасен со пенал во 60. минута, пред клубот од Гелзенкирен да направи целосен пресврт со головите на Озан Кабак (71. минута) и Амине Харит (82. минута).

Со трите поени, Шалке се на шестото место во Бундеслигата со 18 поени, колку што имаат уште три тима пред нив (Лајпциг, Баерн Минхен и Фрајбург) и само четири поени зад првопласираните Борусија Менхенгладбах.

БУНДЕСЛИГА, 10.КОЛО

Фортуна Диселдорф – Келн 2:0

Аугзбург – Шалке 2:3

Scroll to Top