Top Sport

Шалке со важна победа во Леверкузен (видео)

Шалке се врати во топ 4 во Германија со 2:0 победа на гостувањето кај Баер Леверкузен, кои повеќе од половина меч играа со 10 играчи.

„Кралските сини“ почнаа одлично, поведувајќи по само 11 минути откако Даниел Калигури го пронајде Гвидо Бургшталер, кој не згреши. Само десет минути подоцна, јамајчанската сензација Леон Бејли за малку ќе го зголемеше водството со удар од далечина. Лошото попладне за „фармацевтите“ се комплетираше кога пред полувремето Доминик Кор доби втор жолт картон.

Теренската иницијатива на Шалке остана без резултат сè до финишот на мечот, кога Набил Бенталеб беше сигурен од белата точка за важна победа.

Scroll to Top