Top Sport

Хачанов покажа дека ќе биде тениска ѕвезда

Карен Хачанов ја освои својата втора титула во кариерата откако во драматично финале со 7:5/3:6/7:5 го победи Лукас Пуј за трофејот од Опен 13 во Марсеј.

Деветтиот носител имаше 16 аса во тесниот дуел, победувајќи на вториот меч поен, кога третиот носител Пуј згреши на форхенд.

„Се надевам дека ќе имаме многу финалиња бидејќи Лукас е одлично момче. Убаво е да се игра пред полни трибини и се надевам дека ќе се вратам и следната година“, вели Хачанов.

47-рангираниот Русин својата прва титула ја освои во Ченгду, Кина пред две години, додека Пуј пропушти шанса да освои втора титула во сезоната и шеста во кариерата.

Хачанов за победата доби чек од 115.150 евра, по што Пуј на англиски јазик се пошегува со младиот Русин.

„Сега ти го плаќаш авионот до Дубаи“, му порача Пуј, бидејќи двајцата играат на АТП 500 турнирот следната недела.

Scroll to Top