И покрај тоа што Севилја во мај по седми пат ја освои титулата од Лига Европа победувајќи ја Рома на пенали во финалето во Будимпешта, долгот на клубот од 90 милиони евра значи дека тие се приморани да го постават целиот состав на трансфер-листата.
Севилја имаше разочарувачка сезона во Ла лига, во која во првата половина од сезоната беа во зоната за испаѓање, а сега пред сезоната во која ќе се вратат во Лигата на шампиони, претседателот на клубот, Пепе Кастро го информирал тренерот Хозе Луис Медилибар дека клубот има долг од 90 милиони евра кој мора да биде покриен со продажба на играчи, јавува „Радио Марка“.
Поголемите ѕвезди во тимот како Јусеф Ен-Несири, голманот Боно и Лукас Окампос се први на листата за продажба, бидејќи со нивно заминување ќе се решат многу проблеми. „Радио Марка“ додава дека поранешниот спортски директор, Мончи заминал во Астон вила токму поради ваквата ситуација во клубот.
💣 𝐁𝐎𝐌𝐁𝐀𝐙𝐎 | ¡El Sevilla declara TRANSFERIBLE a toda la plantilla!
El club tendría una deuda de 90 millones de euros, causa por la que Monchi habría abandonado la entidad hispalense.
ℹ️ @pedropparrado pic.twitter.com/Y0ErXj0UWb
— Offsider (@Offsider_ES) June 29, 2023