Полскиот репрезентативен голман Војчек Шчесни, направил краток осврт на шестте години што ги минал во Арсенал. Без „влакна на јазикот“ тој проговорил за тројца фудбалери со кои во тоа време ја делел соблекувалната.
„Никогаш не ми „легна“ како соиграч Робин Ван Перси. Ни малку. Холанѓанецот е екстремно арогантен тип. Одличен играч, но… Слично како и Самир Насри. Тој Французин знае да игра, но секогаш мислам дека тоја е некој вид на гангстер“, рекол Шчесни и потоа проговорил и за Алкесандер Хлеб.
„Неверојатен фудбалер. Во перидот додека бевме соиграчи беше млад, имаше 26 години и требаше да има уште многу добри години. Но тој човек премногу ја сакаше чашката, сакаше да пие, поради тоа не постигна многу во кариерата“.
Шчесни од 2017 година е голман на Јувентус, а претходно бил во Рома, Арсенал, Брентфорд и Легија Варшава.