Голманот на полската репрезентација и на Јувентус делумно на шега вели дека е најдобриот голман во историјата, откако легендарниот Џанлуиџи Буфон стана негова замена кај „бјанконерите.
Во сезоната 2017/18, Полјакот го делеше голот со Буфон во својата прва сезона во Торино, но минатата сезона тој беше секогаш стартер откако Буфон замина во ПСЖ. По една сезона во Париз, Буфон се врати во Торино, но 41-годишниот ветеран сега е јасна замена за Шчесни.
„Неодамна кажав дека кога бев замена во Рома, бев замена на најдобриот голман на светот, Алисон, кој сега е во Ливерпул. Сега во Јувентус мојата замена е еден од најголемите во историјата. Заклучокот е дека јас сум најверојатно најдобриот на светот и во историјата. Но, сериозно, научив многу од Џиџи и среќен сум што е тука со нас. Тоа е добар трансфер за Јувентус и за мене, да научам од него. Би бил глупав да не го искористам тоа“, вели Шчесни.