Top Sport

Скијачката легенда Марсел Хиршер се пензионираше на 30 години!

Актуелниот шампион од Светскиот куп во алпско скијање и најдоминатниот скијач на својата генерација, Марсел Хиршер потврди дека се повлекува од спортот на само 30 години.

Австриските медиуми подолго време шпекулираат дека Хиршер, освојувачот на осум титули од Светскиот куп (од 2012 до 2019 година) и носителот на најмногу кристални глобуси во историјата, е пред пензија по откажувањето на една прес-конференција во текот на летото, но во средата навечер тој потврди дека одлуката е конечна.

„Денеска е денот на кој ја завршувам мојата активна кариера“, потврди Хиршер на прес-конференција во Салцбург.

Покрај рекордните осум титули од СК, тој има и шест глобуси во слалом, шест во велеслалом и 67 победи, со што пред него се смамо Ингемар Стенмарк (86) и Линдзи Вон (82). Хиршер има освоено и седум златни медали од Светските првенства и две злата од Олимпијадите.

Scroll to Top