Top Sport

Шчесни е уметничка душа

Голманот на Јувентус, Полјакот Војчех Шчесни покрај фудбалската кариера најде време да напише песна за новиот албум на неговата сопруга, Марина Лученко.

Лученко е поп-ѕвезда во Полска и во петок го објавува својот нов албум „На мојот пат“. Шестата нумера од албумот се вика „Јас правам“ и на неа соработник е токму Шчесни.

„Една вечер ми беше досадно и ја слушав мелодијата која ја компонираше мојата сопруга и почнав да пишувам неколку редови. И ги пратив на Марина како изненадување и изненадувачки ѝ се допаднаа. Таа се обиде да ги сними, направи неколку промени, но текстот е мој“, вели Шчесни.

Полјакот и самиот е пристоен музичар, на пијано и гитара, и признава дека морал да ја послуша понежната страна за авторството на текстовите.

„За што е текстот? Може да биде интерпретиран поинаку и само јас како автор знам што сакав да кажам. Се работи за отровна љубов. Морам да признам дека сум доста чувствителен човек. Мислам дека помина добро“, вели Шчесни.

Бидејќи песната уште не е објавена, подолу можете да го слушнете Шчесни на пијано придружба со сопругата во постаро видео.

Scroll to Top