Војчех Шчесни го продолжил договорот со Јувентус. Според италијанските медиуми клубот деновиве ќе ја официјализира соработката до 2024 година.
Шчесни има 29 години, играч на Јувентус е од 2017 година кога за сума од 14 милиони евра пристигна во Торино.
Полјакот кариерата ја започнал во младинските категории на Легија каде го скаутирале од Арсенал.
Медумите на Апенините пишуваат дека новиот договор на Шчесни ќе важи до јуни 2024 година. Според договорот тој годишно ќе заработува седум милиони евра.