Поранешниот голман на Рома, Војчех Шчесни никогаш не ги „штедел“ своите поранешни соиграчи, откако неодамна издаде голем број тајни на своите поранешни соиграчи од Арсенал, а сега на ред дојде Раџа Наинголан.
Белгискиот фудбалер, кој сега игра во Интер, беше колега со Шчесни во Рома, каде што неколку пати беше казнуван за неговиот „раскалашен“ животен стил. Сега, Шчесни зборуваше за страста на Раџа за коцкање.
„Со Раџа секогаш е забавно, тоа е сигурно. За мене тој е голем фудбалер и да немаше таков приватен живот, којзнае до каде ќе стигнеше. Еднаш бевме заедно во казино, но јас не понесов пари со мене. На крајот ми кажа дека изгубил сè, а ги испразни џебовите и таму имаше 200.000 евра“, вели Шчесни.
Шчесни: Ван Перси е арогантен, Насри е гангстер, а Хлеб пијаница!