Таткото на Златан Ибрахимовиќ, Шефик вели дека иако неговиот син играше за шведската репрезентација и е роден во Малме е „вистински Бошњак, и тоа од дното на бурето“.
Во интервју за босанскохерцеговскиот весник „Аваз“, Шефик вели дека го убедувал Златан да игра за Босна и Херцеговина, но тој се решил за шведската репрезентација. Златан е роден на 3 октомври 1981 година во Малме, а Шефик и неговата сопруга, Хрватката Јурка Гравиќ имаат и една ќерка, Санела, две години постара од Златан.
„Златан е Бошњак, бидејќи и јас сум Бошњак, и тоа од дното на бурето. Јас сум роден во Бијељина. Веќе нема да ги демантирам написите околу Златан, туку материјалот кој го имам во мојот стан ќе послужат за снимање на филм. Вложив многу во одгледувањето на Златан, бев строг, а тој ме слушаше. Јас го научив да шутира топка на четири години и веднаш се покажа дека е подобар од другите деца. Да се оженев повторно по разводот со Јурка, прашање е дали Златан ќе беше тоа што е“, вели Ибрахимовиќ.