Top Sport

Шефилд ги пријавиле Њукасл, бараат правда од Премиер лигата

Новиот менаџер на Њукасл, Стив Брус, се наоѓа во центарот на потенцијалниот судир помеѓу неговиот сегашен и поранешен клуб Шефилд Венздеј.

Шефилд Венздеј до Премиер лигата ги пријавиле Њукасл бидејќи сметаат дека на нелегален начин „страчките“ го ангажирле нивниот менаџер Брус.

Стив Брус поднесе оставка во Шефилд за да потпише договор со Њукалс откако ја прифати нивната понуда. Ваквиот развој на настаните не им се допаднал во Шефилд поради што решиле да бараат заштита кај челниците на лигата.

Заедно со Брус во Њукасл заминаа и тренерите Стив Егну и Стивен Клеменс, што значи дека Шефилд Венздеј на десет дена до почетокот на сезоната немаа стручен штаб.

Scroll to Top